КОИ СМЕ НИЕ?

Ние сме вашиот доверлив логистички и трговски партнер во Македонија, специјализиран за поврзување на вашиот бизнис со глобалните пазари. Нашата мисија е да ја преточиме сложената меѓународна трговија во едноставен, безбеден и профитабилен процес за нашите клиенти.

Она по што се разликуваме на пазарот е нашиот комплетен и заокружен систем на соработка со Кина. Ние не сме само транспортна компанија – за нашите клиенти нудиме целосна услуга за пронаоѓање и купување продукти директно од Кина, елиминирајќи ги јазичните бариери, ризиците од несигурни добавувачи и комплицираните процедури. На тоа го надоврзуваме нашиот главен белег – редовниот збирен контејнерски транспорт (LCL) од Кина, со што ви овозможуваме безбедно и економски ефикасно да го донесете купениот стока во Македонија, без разлика на големината на пратката.

Покрај специјалноста за Кина, нудиме врвни логистички решенија за збирни и цели контејнерски пратки, камионски сообраќај низ Европа и експресен авионски транспорт од која било точка во светот.

Нашите услуги накратко:

  • Купување и пронаоѓање продукти од Кина (Sourcing & Procurement): Ние купуваме за вас! Од преговори со фабрики, контрола на квалитет, па сè до плаќање и преземање на стоката од Кина – го водиме целиот процес во ваше име.
  • Контејнерски транспорт (Збирен и Целосен): Лидери во редовен збирен транспорт (LCL) од Кина за помали пратки, како и комплетен менаџмент на цели контејнери (FCL) на глобално ниво.
  • Камионски транспорт: Брз и сигурен патен транспорт на збирни и комплетни утовари низ цела Европа и регионот.
  • Авионски транспорт: Експресен авио-транспорт за вашите итни, софистицирани и вредни пратки со максимална прецизност.

Зошто да изберете соработка со нас?

Од идеја до вашата врата: Наместо да соработувате со агенти за купување, па со посебни транспортни фирми и царински брокери, со нас добивате сè на едно место. Без разлика дали увезувате мал пакет од Азија, праќате цел шлепер во Европа или имате потреба од итен авионски увоз, ние го преземаме комплетниот товар – од почетната точка со комплетни царинските процедури.  Го наоѓаме продуктот, го проверуваме квалитетот, го купуваме, го организираме најекономичниот транспорт и го доставуваме до вашиот магацин.

Вашиот бизнис заслужува сигурност, заштеда на време и логистика без компромиси.